Овде се ставени смешни текстови или слики со истите !!
Дали сте знаеле!?
Не е можно да го цицате сопствениот лакт.
---------
Кока Кола оригинално била зелена.
---------
American Airlines во 1987 година заштедил 40.000 долари вадејќи
по една маслинка од секоја салата послужена во првата класа.
---------
Квакањето на патката не созадава ехо и никој не знае зошто е тоа
така.
---------
Секој крал во картите претставува еден крал од историјата:
Пик: Кралот Давид
Треф: Александар Велики
Срце: Карло Велики
Каро: Јулие Цезар
---------
Помножете 111,111,111 x 111,111,111 и ќе го добиете бројот
12,345,678,987,654,321
---------
Ако статуата со човек на коњ е со двете предни нозе во воздух,
тоа значи дека човекот загинал во борба. Ако само едната нога на коњот е
подигната значи дека лицето загинало од рани добиени во битка а ако сите нозе се
на земја тогаш човекот умрел од природна смрт (за коњот не знаеме).
----------
Името Jeep доаѓа од американската воена кратенка "General
Purpose" vehicle, G.P..
----------
Во Пентагон има двојно повеќе WC-а отколку што е потребно. Кога
го граделе, постоел закон кој предвидува одвоени тоалети за црнци и белци.
----------
Не е можно да се кивне со отворени очи.
----------
Во просек деснаците живеат 9 години подолго од леваците.
----------
Бубашвабата може да живее 9 дена без глава (по што умира од глад).
----------
Слоновите се единствените животни кои не можат да скокнат (шуќур).
----------
Во просек човек се смее 15 пати дневно.
----------
Комарците имаат заби.
----------
Сервантес и Шекспир умреле во ист ден, на 23 април 1616 година.
----------
22 века беа потребни за да се пресмета оддалеченоста од Земјата до
Сонцето(149,400,000 км). Би било и порано доколку некој се сетеше висината на
Кеопсовата пирамида да ја помножи со 1,000,000,000.
---------
Во старата Англија луѓето не смееле да имаат секс без одобрение
на кралот (посебно ако се работи за членови на кралската фамилија). Кога некоја
двојка би посакала да има деца, морала да побара дозвола од монархот кој би им
предал плочка која ја закачувале на врата додека се бембале. На плочката
пишувало: "Fornication Under Consent of the King" (F.U.C.K.). Ете го потеклото
на славниот збор....
----------
За време на рецесионистичката војна, кога трупите се враќале без
губитоци, на голема табла пишувале "0 Killed" (нула загинати). Оттаму доаѓа
изразот "O.K." за да се каже дека се е во ред.
Љубовно писмо
Најмила Сузе,
Знам дека се договоривме да не контактираме извесен периодот, да се оладиме
малку", ама јас не можев повеќе да чекам. Дента кога замина, си ветив дека
никогаш повеќе нема да ти прозборам. Но, тогаш само цвикав како повредено дете.
Сепак, никогаш не сакав да бидам првиот што ќе исконтактира.
Кога си фантазирам, ти секогаш ми се враќаш ползејќи. Изгледа дека мојата
гордост го бара тоа. Но сега гледам колку ме чинеше таа моја гордост. Уморен сум
од преправање дека не ми фалиш. Не ми е гајле ако изгледам како папучар. Ич не
ми е гајле кој прв ќе исконтактира, битно е да бидеме заедно. Можеби е време да
прозборат нашите срца, и тоа силно. А ова вика моето срце...
>Нема ниедна како тебе Сузе.. Те барам во очите и цицките на секоја која ќе ја
видам, но не е исто. Не се ни блиску. Пред две недели сретнав една цура во
Маракана и ја земав дома со мене. Не го кажувам ова да те повредам, туку да ти
покажам колку сум очаен. Таа беше мала, 19- тина години, со онакво екстра тело
како да тренира уметничко клизање. Цициња, газе, страва. Сакам да ти кажам,
ептен екстра тело. Сон за секое машко. Да, ама кога седев на каучот си помислив
околу тоа кои ствари почнале да ми значат во живот. Све е тоа вештачко, екстра
тело не значи ништо.
Дали тоа прави супер секс? Во овој случај да, ама ме разбираш што сакам да ти кажам, нели? Дали тоа ја прави добра девојка? Дали има подобро срце од мојата Сузе? Чисто сумњам. Досега за ова никогаш не сум мислел. Што знам, изгледа малце сум пораснал.
Попосле, откако се истурив во неа, се најдов во мисла. Се осеќав испразнето. Не беше до нејзината перфектна техника или до нејзините светкави очиња, нешто друго беше, како да сум изгубил нешто. И тогаш ми текна.
Не беше исто дека ти не беше таму Сузе. Ти текнува што мислам? Ништо не е исто без тебе Сузе. Боже, ќе полудам без тебе. Све што правам само на тебе ме потсеќа.
Во саботата, сестра ти помина од кај мене да ми врати едно филмче. И си викам, Вики е само дете и све тоа, ама симпатична е и ептен ми е другар низ празново време.
Ми има дадено многу добри совети за тебе и општо за жени. Работи на тоа јас и ти да бидеме пак заедно Сузе. И така ние си пиеме во топла када и си збориме за посреќни времиња. И гледам едно тинејџерче со иста ДНК како твојата и само мислам на тоа колку она личи на тебе кога имаше 18. И тоа речиси ме тера на плачење. И после искочи дека Вики нема гајле за анал, и ми текна колку пати сум те терал да пробаме, и како тоа некако не раздели.
Ама можеш ли да си замислиш како, дури и кога сум во неа, мислам само на тебе? Озбилен сум Сузе. Знаеш ти убаво, срцето ти кажува дека не лажам. Не мислиш ли дека може да пробаме пак? Да избришеме све и да почнеме отпочеток? Јас мислам дека можеме.
Ако мислиш исто, те молам... те молам кажи ми! Ако не, може да ми кажеш каде е даљинското?
секогаш твој,
Џими
Календар на влегување во ЕУ
2007. Бугарија влегува
во ЕУ;
2010. Романија влегува во ЕУ;
2015. Влегуваат Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Албанија,
Косово, Србија и Црна Гора;
2017. Се вработува првиот наш човек во администрацијата на ЕУ;
2018. Првиот наш човек во администрацијата на ЕУ ја вработува целата своја
фамилија, фамилијата на жената и на кумот, членови на семејствата на првите
комшии како и некои луѓе од своето родно село;
2019. Нашите веќе стануваат 10 проценти од администрацијата;
2022. Уделот на нашите нарасна на 60 проценти. Европската администрација ги
зголемува платите за три пати, воведува флексибилно работно време а
јужнословенските јазици ги воедува како трет службен јазик.
2024. Поради стрес, 90 проценти од членовите на европската администрација се
наоѓаат на боледување. Најмногу боледување се забележани во периодот од 15-ти
јуни до 15-ти октомври и од 15-ти декември до 15-ти јануари. Болните се видени
на Бали и на Алпите каде што на сметка на ЕУ се лечат од стрес. Со закон се
уредува ЕУ да го покрива најголемиот дел од трошоците за лечење. До нивното
враќање на работа, се вработуваат нови работници 'на неодредено време';
2025. Бројот на западните Балканци изнесува 90 проценти. Македонците на
референдум повторно го отфрлаат Еврото;
2026. Доаѓа до драстично кратење на трошоците. Се отпуштаат чистачки, готвачи,
шофери. Сите до еден белгиски државјани. Уделот на Балканците во ЕУ достигнува
процент од 99,3;
2027. Пред да и заврши шестмесечниот претседавачки мандат, Хрватска добива нови
кредити, Црна Гора успева да се доприватизира, од јануари претедателството со
Унијата го превзема Белград;
2028. Во февруари Германија истапува од Унијата. Еден месец подоцна тоа го
прават Француска и Финска а до крајот на годината, за време на албанскиот мандат
по нив тргнуваат и Велика Британија, Белгија, Данска, Шведска, Холандија,
Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Чешка, Литванија, Летонија,
Естонија, Грција и Словенија. Сите земји воведуваат ригорозен визен режим за
држaвјаните од земјите на ЕУ...
Еве неколку статистички утврдени факти:
- 10% од жените имале сексуален однос само еден час по првиот
состанок со партнерот.
- 20% жени в;оделе љубов на необични места.
- 36% жени немаат ништо против нудизмот
- 45% жени г;и привлекуваат мажи со црна коса и сини очи.
- 46% жени п;робале анален секс.
- 70% жени н;ајмногу сакаат да водат љубов наутро.
- 80% мажи н;емале хомосексуални односи.
- 90% жени би сакале да водат љубов во шума.
- 90% жени никогаш не воделе љубов во канцеларија.
ЗАКЛУЧОК:
Статистички гледано, имате повеќе шанси за анален секс наутро, со непозната жена
во шума отколку да водите љубов со колешка по завршување на работното
време.
НАРАВОУЧЕНИЕ:
Не останувајте до доцна во канцеларија, од тоа нема никаква корист!!!
Балкански маж
* Ако жена ми е болна, можам да се избањам и сам.
* Ако ги заврши сите работи, може да плете колку што сака.
* Ако сум ги прочитал весниците, може и таа да ги прочита (под услов да не го
коментира тоа што го прочитала).
* Ако не сум дома, може да вклучи телевизор веднаш штом почне
ефтината струја.
* Ако ноќе забележам дека сум откриен, се покривам сам а за тој пропуст со неа
разговарам сабајлето.
* Ако не ми ги испегла панталоните како што треба, не применувам
веднаш физичка сила.
* Ако детето ни се разболи, таа сама бира дали да ја тепам неа или него.
* Некогаш и дозволувам случајно да и прегори сијалица.
* Некогаш и дозволувам да се бања и кога сум лошо расположен.
* Може да се шминка, под услов да не купува шминка.
* Смееше да предложи име за нашето 5-то дете, а предлогот ќе и го усвоев замалку.
* Смее да седи со нас на маса секогаш кога е празник.
* И ветив дека ако најде правосмукалка со придушувач, ќе и го купам. Вака, многу
сме помирни кога ја собира прашината со раце.
* Некогаш се случува сам да отидам до кујна, само за да јадам.
* Двапати галантно и дадов да го изеде крајчето од лебот.
* Таа стои само кога јас седам. Кога ќе легнам, може да седне и да продолжи со
работата.
* Никогаш не ја бркам надвор. Само на тераса.
* Никогаш не сум и упропастил нов сервис за ручање. Секогаш ја гаѓам со старите.
* Бидејќи навистина нема потреба да мијам нозе секој ден, нејзините обврски се
намалени само на двапати неделно.
Познатите за СЕКСОТ
1. Сексот е една од најубавите и најприродните работи кои можат да се купат. - Steve Martin
------------------------
2. Кога сум добра, тогаш сум многу добра. Ама кога сум лоша, тогаш сум најдобра. - Mae West
------------------------
3. Мислам дека луѓето треба да ги пробаат сите можни сексуални активности. Линија треба да се повлече само кога се работи за кози. - Elton John
------------------------
4. Јас сум одличен љубовник затоа што многу вежбам кога сум сам. - Woody Allen
------------------------
5. Среќа е кога ќе викнеш девојка да гледате телевизија а дома ти снемува струја. - Bob Hope
------------------------
6. Мојот љубоен живот е грозен. Последен пат бев во жена кога ја
посетив Статуата на слободата. - Woody Allen
------------------------
7. Не е можно да бидете осудени за содомија од страна на англиска
порота. Половината од нив не веруваат дека тоа е физички можно а другата
половина тоа самата го прави. - Winston Churchill
------------------------
8. Не знам ништо за сексот бидејќи постојано сум во брак. - Zsa
Zsa Gabor
------------------------
9. Повеќето мажи ми личат на орангутан кој се обидува да свири
виолина. - Honore de Balzac
------------------------
10. Кога власта се обидува да ве предупреди на опасностите од
сексот, пораката која треба да ја извлечете е: Не се заебевајте со власта. -
Matt Groening
Писма до Гоце Делчев
1. Сибо напиша:
Рига, Летонија
24 мај (сабота) 2003
23:30 h
Драги Гоце,
Ништо од работата. Турците победија.
Твој,
Сибо
---------------------------------------------
2. Душко Јаневски напиша:
1) Ги избркавме Tурците што ни ги онадеа жените
2) Дојдоа Србите па ни ги онадеа жените
3) Ги избркавме Србите што ни ги онадеа жените
4) Дојдоа Германците, Бугарите и Италијаните и ни ги онадеа жените
5) Ги избркавме Германците, Бугарите и Италијаните што ни ги онадеа жените
6) Дојдоа Американците и сите не онадеа
7) Се уште не онадат Американците
--------------------------
3. Ѓорѓи Петковски напиша:
Здраво Гоце.
Сега ќе ти раскажам што се случуваше по твоето заминување, се по ред.
Јас сум помлад, па така настаните што биле пред моето време мене ми се пренесени
од постарите, а нешто и од школо знам. За моето време знам сс, затоа што јас
лично сум сведочел за тоа.
Па да почнеме.
Што ви беше финтата со Турцине, што ги држевте толку долго тука?
Востанието излезе супер, не знам зошто ти беше против него ама ги растуривме
како Лихтенштајн во фудбал, не знаеја каде им е главата.
До 1908 со нив се смиривме тотално и со еден документ кој го викаа Уриет им
простивме за сс, а воедно и ги амнестиравме од кривично гонење.
Со нив се разделивме 1912 година кога нашите ни соседи загрижени за иднината на
Македонија почнаа да се чепкаат меѓу себе. Ние, великодушни како секогаш,
решивме, за да не бидне голема работава, да се поделиме на три или четири дела,
незнам точно. Условот беше соседите да не пробуваат да нн асимилираат, да ја
модернизираат и обноват земјата и можност да се споиме кога ќе посакаме, подобро
здравје.
1918 имало некаква Светска војна, ама Македонија била неутрална како Швајцарија
и никој не смеел да војува на нејзина територија, па и не било толку интересно.
На крајот од војната Вардарскиот дел знам дека станал посебна република во
новоформираното кралство, супер нели.
До 1941 сите делови на Македонија се развиваат подеднакво добро, и таман да се
споиме ете ти нова војна-демек втора. Овојпат и кај нас имало нешто ама не многу.
Разбрале Германците за квалитетот на македонскиот тутун , ајвер и за киселата
вода збогатена со благородни метали па будалине ќе не освојувале за да ги
приграбат богатствата, со кој памет незнам.
Со решителна и секавична акција на македонската републиканска гарда, обучена со
техникита за војување наследена од вашите илинденци, непријателот е протеран од
оваа територија. Ние слободни не знаејќи што да правиме почнуваме да креваме
востанија и кај соседите и тие да можат да се ослободат. Стигнавме до Русија и
неа последна ја ослободивме.
По војната почна обнова на земјата. Оценивме дека сеуште е рано да се обединиме
бидејќи обновата беше на прво место. Оттаму произлезе и поговорката "Док траје
обнова нема одмора". Со нас т.е. Вардарскиот дел, во федерација влегоа уште 5
републики и ја формиравме заедничката Словенска држава Југославија. Бугарија
сакаше да биде 7 република ама разбравме дека не биле Словени па ги шутнавме.
Во 1948 имавме некои проблеми со Русите односно СССР. Имено кога ги понудивме
Русите да влезат во нашиот "источен сојуз на земји во кои непречено и
неограничено се конзумира алкохол" - ИСЗННКА, тие нн одбија. Тоа е познатото
историско "НЕ" на Сталин. Јас лично мислам дека тука Русите многу згрешија. Едно
е што малку фалеше Тито да ги активира тенковите распоредени на руската граница
па да ја прегазат Русија. Друго е тоа што со сојузник како Русија ќе бевме
убедливо нај јак сојуз пред "Северно атланскиот сојуз на слободни конзумирачи на
алкохол"-САССКА.
Во годините што следеа во земјата цутеше сс. Се развиваше братството и
единството. Ако не ти е познат изразот сега ќе ти објаснам. Братство и единство
е еден феномен кој функционираше на овие простори а претставуваше принцип да го
сакаш својот содржавјанин од другите републики како брат, ама како брат единец.
И кога сите така се сакаа замисли државата функционираше.
Во тоа време се појавија некои чудни движења кои ја подриваа земјата од внатре,
а беа подбуцнати однадвор. Со нив можеше да се справи само тајната служба УДБА.
Имено се појавиле групи кои заговарале дека руската водка е поквалитетна од
домашната жолта и тоа го пропагирале меѓу народот.
Тоа беше директен атак и кон ИСЗННКА што беше недопустливо за она време. Ова
силно ја раздрма државата За да се справи со ова хулење Тито, отвори
рехабилитационен центар на еден јадрански остров каде заблудените луѓе беа
преумувани со најсовремени методи за тоа.
По ова премрежје државата функционираше беспрекорно долго време. Првите проблеми
се јавија кога Стариот мораше предвреме да не напушти и да ти се придружи тебе
Гоце, во рајот. Бев многу мал ама се сеќавам на тој ден кога сите исправени
мирно ја пееја неговата песна - "Друже Тито ми ти секу ногу", или нешто слично и
солзи им навираа на очи. Без него државата почна полека да тоне како брод без
кормилар. Така на почетокот на деведесеттите заради лошата економска состојба, а
за да опстане државата, моравме од федерацијата да ги набркаме најсиромашните
републики. Прва на удар се најде бедната Словенија. Кутрите пружија
неколкудневен отпор, но моќната ЈНА ги исфрли голтарите како партал. Само да ги
видеше сиротите како липаа од жал. До ден денешен Словенците не можат економски
да застанат на нозе и да се помират со судбината дека не се повеќе со нас. По
некое време мораше да отпадне и Хрватска, но тие пружија поголем отпор. Таква
фанатична борба и желба за да останат со елитата не сум видел до сега. Тоа
најверојатно произлегуваше од љубовта кон федерацијата која скришно ја гаеја
Хрватите. И нив им беше многу криво.
Бидејќи подобро стоевме од останатиот дел од федерацијата а и поради фактот што
другите сакаа да нн искористат одлучивме да ја напуштиме и да се пробаме малку
како независна држава.
Прв претседател на независна Македонија беше Киро Глигоров. Многу способен човек.
Неговата способност се покажа на дело во времето кога имавме мали незначителни
проблеми со името предизвикани од Грција. Дури разбравме лично од Киро дека и
самиот Сајрус Венс, кој беше посредник за името, се расплакал во некој од
ходниците и лифтовите во Њујорк ,за време на преговорите, од фактите кои
претседателот му ги изнел во врска со името. Кутриот старец Сајрус. За Киро
плачеше и целиот народ македонски, кога народот го молеше да остане претседател
уште еден мандат со зборовите "Киро не не оставај сами". Прекрасен човек. Од
знамето мораше да се откажеме затоа што тој симбол веќе бил регистриран како
лого на некоја грчка фима за клима уреди, што е право право е. Принудени бевме
да ја прифатиме резервната варијанта т.е. симболот од Вергина кој е до ден
денешен наше знаме.
Со Грците имавме проблем и со непризнавањето на македонската нација во Грција.
Но по неколку месечното економско ембарго од наша страна со забрана за извоз на
тетовскиот грав, соковите за растворување од 'Ино Спектар' и ајверот, Грците не
издржаа и мораа да попуштат. Дури и нивниот министер за надворешни работи мислам
дека беше Пангалос, дојде во Македонија и на средбата со нашиот министер
Димитров јавно ги кудеше грците кои не ги признаваат нашите, нарекувајќи ги
не-антички Грци и хомосексуалци. Димитров на тоа остро реагираше велејќи му да
не биде толку строг кон сопствениот народ.
Втор претседател на Македонија по Киро стана Борис Трајковски, врвен интелект.
Земја како Македонија заслужи таков претседател, добиен на регуларни, фер и
непосредни избори. Тој е способен и сакан од својот народ, вистински наследник
на твојата идеја за светот како поле за христијански натпревар меѓу народите.
Со другите соседи стоиме исто така добро како и со Грците.
На Бугарите не им го признаваме идентитетот и малцинството кое го немаат тука
кај нас. Сакаат да се пишат сите Македонци ама нема шанси добар Татар да биде
добар Македонец. А чудна работа сите научиле македонски да зборуваат, демек така
ќе ги примиме.
На Србите не им ја признаваме црквата т.н СПЦ, сс додека не се покајат и
признаат дека нивната Црква потекнува од нашата, тогаш ќе им простиме.
Сега за сега се само една поголема епархија во рамките на МПЦ.
Со Албанија немаме никакви проблеми, нема не територијални претензии ни сонови
за големи држави, ништо, супер е. Таму Македоците живеат во најбогатиот дел и
практичччно владеат со земјата.
Пред некое време имавме мали внатрешни проблеми на релација македонски Албанци -
Република Македонија. Луѓето се жалеа на неуспешната берба на компирите во
Танушевци и на зелката во Речица. Но Владата како да немаше слух за овие
круцијални проблеми на луѓето, па така дојде до мало бунтување, кое бргу беше
надминато. Со договорот за предвремена, неопходна жетва беше собрано доволно
храна за следните 10 години.
Што да ти кажам уште, освен тоа дека Македонија денес е меѓу најзначајните воено
економски фактори во регионот и пошироко. Еве неодамна во нашата колиција за
борба против организираното производство на лажен ајвар се приклучија и САД и
Велика Британија. Со заедничка акција водена од Македонија беа уништени
најголемите фабрики за ајвар во Ирак, а наскоро и во Сирија и Иран па дури и во
Северна Кореја.
Инаку догодина влегуваме во Европска Унија, а 2013 ќе се договориме да се
обединиме, баш на јубилејот "100 години раздвоени", убаво нели.
Отприлика тоа е она што се случуваше последните 100 години. Жал ми е што немам
повеќе време да ти пишам и за другите квалитетни и интересни работи личности и
феномени од тука.
Како на пример за: Васко Форти,Драган Вучиќ,Пеце од Алпина,Сабина,
Сотир Лалевски звани Цоко,Вучиќ мал,Брајан, Амди, Доста,1+2, ДраганВучиќ,
Зоран Михајлов,Бошко Трпевски,Јован Дремвицки, Ристе од Припор,
Ламбе,Бузле,Таско,Саше фактор Х, Чаповски Борис (не Горазд) и за Вучичот.. Тоа
ќе ти го пишам за следниот концерт.
Искрено Ѓорѓи.
П.С.
Ако некој во другите писма ти спомене некој од следниве имиња или изрази:
БЈРМ, банана држава,Арачиново, МПРИ, Радко,ТАТ, сдсм, Лафци,обсе, Алфа-С
Али,ММФ,Хари,ОНА, Бранко, Љубчо,Батлер, ФАС, Омо Илинден, дпмне, Кфор, Гордана
Стошиќ,СКМ, Буш,Западен Балкан,АФЖ, Лазо, Циле-поготово Циле, знај дека
најверојатно нешто не ти пренел како треба и не му верувај,има задни намери.
------------------------
4. Јован Кузманоски напиша:
И така се оттргнувам од инстант лепилото на мониторот и ги упатувам моите широко
ококорени и закрвавени (од компјутерски згоди и богами страшни незгоди) очиња во
недогледот на сокакот. Гордо исправена силуета на плеќесто Македонче со надолго
и накриво засукан мустаќ, суперменски нагрната наметка и високо исправена антена
на десното рамо (чекај бе изгледа е пушка) ми го попречува погледот кон
бескрајот на 50 метарската улица. Додека ја даунлоадирам во главата последната
ажурирана листа на познаници, непознаници и случајни минувачи од последниот
апдејтиран период силуетата се приближува и процесот застанува на една личност
која богами од нејзината нефреквентност во секојдневната ништарија подизбледела
и чека на ред за делетирање.
Евааа.... не е ваљда Гоце овој!?! Бреее... мора да прекинам со овие компјутерски
глупости почна да ми се привидуваат работи. Си помислив дека сум заскитал во
Counter Strike (Maceodnian version). Не, бе чекај ти се зезаш со мене, дај ресет
или стегни ескејп, нешто нививо не ми свиѓат, многу ми е етнички набилдано. Не
бре ни ресет ни бутур си идат типов накај мене. Башка си носит и нож и пиштол на
појас. Аааа, чекај, чекај сеа ќе видиш ти, дај ми здравје 100-ка и фул муниција
ова е изгледа најјакото. Ама не брее, ако е вистина не ми се креват рака на
Гоцета, та после да сум ист како сите оние високо летачки и ниско пешачки
створови кои му ја побелуваат косата на спомениците (не ми е за друго, го прават
постар)...ааа... не молим лепо одмини ме. И тогаш ми текна дека дури се двоумев
да го испратам или не во KINGDOMCOME (шо би рекле Јенки дудл Амери), типов ептен
се доближил до мене и нааај...веројатно му изгледало смешно сето она мое
инстинктивно жонглирање со рацете барајќи пауза на непостоечката тастатура пред
мене. Неее..ц...ц...ц типов не се зезат, тој е Гоце наш, ама нешто бело ме
гледат. И да не веруваш ме фати трема како на испит и одма како од пушка помалку
несмасно испалив во еден здив еден далекуметен проектил во форма:
- "Шо бе ❪и навака, не те скинаа тебе во Баница клетите Турци од чуден сој во
нерамен бој? Изгледа временскиот континуум кај тебе не работит. Незнам како да
ти кажам ама некако си ми едно 100 круга околу сонцето закаснат! Кај беше да
дојдиш ко се каравме во кого било Гоцевото ВМРО? Вака се идало ненајавен, ами
срамота е... ај шо не вервам дека си овде и другите ќе ми се смеат ако кажам
кого го видов. А сите знает дека не сум трипувал во животов. Барем чекај да те
сликам не ми е верно дека си ти, а и плус ќе ми се најдит сликава за
бекграунд........"
А Гоце мирно го сукна малку мустаќот и со комитско-војводски глас нежно ме
поздрави: "Синко, да те прашам нешто. Далеку е Кукуш од овде? Што е оваа работа
овде неможам да се снајдам?" Не знам точно во која големина се појави, но
сигурно беше јасно изразен голем прашалник на мојата фаца. Ехххх....како сега да
му кажам на Гоцуле дека дома не е повеќе дома, туку е јабана. Ај биди човек па
објасни ги последниве 100 години, ама со исав да не му ги повредиш патриотските
чувства на Гоцета. Како да му кажам како ја споебавме државичката.
Јеби га, јас и самиот незнам да си објаснам 100 години згоди, незгоди и страшни
пичвајзи како на домашен така и на меѓународен план и анализа. Оди па објасни му
на човекот кој го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу
народите, дека по натпреварот Македонија изгуби 3:1 и четврта Австралија. Ги
испробавме сите околу комшии ама никој не не бендиса, али затоа сексуалното
искуство беше непроценливо. И така накрај решивме, а да пробаме групен секс а? И
биднаааа....се собравме сите згаснавме светло и кој фати фати, кој не фати беше
фатен и се знајт. И се така едно скоро пола век. Али рака на срце добро беше,
алал да му е на стариот му текна светло да згаснит.
Е после некој запали светло и видовме, некако почна се само еден да фаќат, а да
не бидит фаќан и рековме оп-стоп, рентус три и пол, фаќам црвено не играм со
нога и си киднавме сите по дома. Затворивме врати, пенџери, завеси, пуштивме
вода и ај сеа да се видиме кој сме, шо сме, ние и сами мојме да си играме оргии.
Како до сега не ни текна бреее...
И тогаш некој те спомна тебе и рече еееехх....и онака си личам на војвода , а да
напрам една ујдурма и јас а? И бидна и тоаааа....и пази сега во сиот оној пола
век не падна секс ко шо падна за овие 13 години...а бе да ти кажам и јас самиот
повеќе ќе ти кажам за твоето време него за моево. То заебанции, доебанции, а бе
се си мислам дека се навикнавме на темница од порано и сега и на виделина пак не
гледаме. Ама едно ми е јасно, оној шо секогаш беше одозгора мораше да имат
брада. Ни остана бре таквото од памтивек. Па расправање кој бил твоја
реинкарнација, а кој бил само промашен абортус од твојот клон. Искрено кажано
сите на сарми личеа, ама барем брада имаа, а гледаш тоа се важело.
И таман заодевме некако, падни, стани, истркалај се, испреси се и пак стани, се
појавија едно чудо кувари кои ја искористиле полувековната темница и бараа своја
кујна зато шо им скурчило да готват во славо-македонски тенџериња, а и немале
право да јадат кај шо ќе им текнело. И така кутрите зато шо немаа пари да купат
нови тенџериња, почнаа да маваат со тоа патлиџаните, па секаде кечап
распрскан...аууу страшно за гледање. И решивме, ќе им дадеме една рамка па нека
се сликаат. Арно ама одкога им ги зедоа патлиџаните (ама оние старите и
хигиенски неисправни, бидејќи другите е штета да се фрлаат, та не сме толку
богати,), толку ја засакаа таа пуста рамка шо само за неа се фаќаа ако сакаше
некој муабет да им напрајт. Комши кај вас олукот капит? - Еее, па да ти кажам
баш кај рамкава околу 20% е направена штета, ама мислам дека имаме уште
патлиџани, па ќе ни ја поправите за замена.
И дури му го кажав ова пробав да се извадам на типично балкански начин, со
оптимистички изјави како не треба да се плаши од сето тоа, затоа што ние сега
сме си распространети низ светот и одржуваме блиски контакти со своите, додуша
не средби од трет вид, таквите средби згаснаа веднаш по првото купче во џебот во
јабана, али ич да не е, колку за лек не имат. Башка види сеа вака, кај да е и
Европа сметат на нас, едвај чекат да не примит при себе, зш многу сме си умни,
ем убави и работливи. Дури ти си се борел за Македонија, ние се бориме за Европа
ехеееј.....каде, каде поголема од Македонија и еве кај и да е за некоја година
или 20, сите заедно ќе влеземе во заедничкото море наречено Европа. Дека од
тогаш на така, тетка Европа на сите рамноправно ќе гледат и ќе не чуват во
морето од сите наредни евентуални незаконски оргии или мали потпикнувања во
стилот на: "Се молат сите капачи, капачки и мали капачиња да излезат од водата
бидејќи се забележани морски кучиња на риги и со ѕвездички, со страшни заби и
пропагандни летоци."
Ние од своја страна и не се молиме некој да згаснит светло, се снаоѓаме добро и
вака и така. Како да ти кажам, можда немаме многу со шо да се пофалиме, али
брате не научија на кондиција тие Турците алал да им е...
следниов текст гласи :"Јас збунет на IRC!!"
<NPM> zgreska
<NPM> asl
<Screamer-> so e toa asl ???
<NPM> Age Sex Location
<NPM> coek
<NPM> biva li da si dotolku
<NPM> kutuk bre
<Screamer-> abe na makedonski kazi jas sum nov na mircov !!
<NPM> Godini, Pol i Mesto od kade sto si
<NPM> se gleda deka si nov
<Screamer-> da
<Screamer-> epa
<Screamer-> vaka
<Screamer-> 14
<Screamer-> masko
<Screamer-> mesto = veles
<Screamer-> a ti ??
<NPM> vaka ke go pises toa
<NPM> 14 m ve
<NPM> a ako ti pisat 14 f ve
<NPM> toa znaci deka e 14 godini, zensko e i od veles
<NPM> e
<Screamer-> aaaaaaaa
<Screamer-> ej fala
<NPM> 15 m ve
<Screamer-> ej fala
<NPM> jas sum
<Screamer-> daj kazi mi uste nesto !!!
<Screamer-> ke sakas li ??
<NPM> so?
<Screamer-> kazi mi nesto drugo osnovno za mircov !!
<NPM> pa so znam
<NPM> toa e glavno
<NPM> zdr znaci zdravo
<NPM> pls znaci te molam
<NPM> i taka
<Screamer-> e so samo asl li se prasuvate vo skratenici ???
<Screamer-> i samo toa li ???
<NPM> zdr
<NPM> asl
<NPM> pls
<NPM> toa e glavno
<NPM> np znaci nema problem
<NPM> i toa e
<Screamer-> ej fala !!!
<Screamer-> a ti rece 15 m ve ???
<Screamer-> toa znaci sto ???
<Screamer-> 15 godini taka ??
<NPM> aha
<NPM> da
<Screamer-> m = masko ??????
<NPM> da
<Screamer-> ve = veles ???
<Screamer-> a kako ke bide probistip na primer ??
<Screamer-> ili prilep ??
<NPM> pr
<NPM> skratenicite na gradovite
<NPM> ne znam kako e za prilep
<NPM> ke go pises celosno
<Screamer-> kako tablicite na kolite taka ??
<NPM> da
<Screamer-> ej fala ti za ova !!!
<Screamer-> ti dolzam pijacka !!!
<NPM> ok
<NPM> kad
<NPM> e
<NPM> i koga
<NPM> kade ucis?
<Screamer-> vo hemiska !!
<Screamer-> ti ??
<NPM> Gimnazija
<Screamer-> koja godina si ??
<NPM> 1
<Screamer-> i jas !!
<Screamer-> utre koja smena ste vie ???
<Screamer-> zaboraviv nie koja sme !!
<NPM> 1
<Screamer-> vie ste prva taka ??
<NPM> da coek
<NPM> ]aj cao
<Screamer-> abe a pijackava ??
за Шутка
Не е можно да не ви текнува да цртаниот филм за чевличињата и песничката 'шу шу шу шу шу(тка) пипл' која треба да иде у позадина при ритуалните иницијации на луѓето приврзаници на Шутка шуз шопингот, и со тоа да го најави новиот циклус во личниот развој на поединецот. Зошто, пазарењето низ Шутка, не преку интелектуален напор туку преку специфични мистични доживувања ни ги отвoра вратите на нашата потсвест, затоа што таму минувате низ искуства кои ќе ви помогнат да ги осознаете универзалните факти на човековиот дух и природа.
Да знаеа луѓето која духовна моќ ја поседува Шутка немаше да кријат дека од таму си ги купиле новите чизми и сандали. Уште на почетокот на оваа трансцедентална екстаза, се среќаваме со угостителскиот дуќан 'УКУС', како наслов за се она што следува понатаму - во негова близина сендвичара со залепени цени на листови од тетратка по тесни и широки 'сендвич 10 денари, хамбургер 20', 'скара на Ќило', колонијал со натпис 'лек за хемероид' (сеуште не ја одгатнав еднинската форма на рекламата), и секако најголемата блок реклама 'ПАРФЕМ ЖАДЕ- 50 денари'(си идеш после дома ем без хемероид, ем мирисаш ко Жаде).
И на тротоарот помеѓу Жаде и
хемероидите, перцепираш пола од скопските фаци и познати регистрации, јавни
личности од сите домени, (е)страдни ѕвезди, па ја перцепираш бившата, па
сегашната, само што секако, не ти кажала дека ќе иде у Шутка туку дека е негде 'на
кафе'.
Друг Шутка феномен е дека таму никој со никого не вика 'здраво'. Таму
горенаведените фаци се здобиваат со колективна амнезија. Ја среќаваш комшиката
како си купува силиконски прерамки за прслук на тезга на која се продаваат и
батерии и банани и јакни и тави и фармерки и сервис тањири, и нормално не те
препознава, за вечерта да ја сретнеш пак на скали растропана со 'Шабан трејд'
штиклите и маичка со гол грб на -10 (битно не и се познава прслукот) само што
овојпат уз здравото ти се џитка набрзина зошто 'е на спеед' за на журка. И се
така додека стигнеш до најпознатата продавница за кондури у Шутка- 'Бет комерц'!
Нека ми простат и 'Де Милано' и 'Фадил комерц', дури и 'Бет комерц 2' но кецот е
веќе институција - од таму газдата на една од елитните продавници за чевли во
ГТЦ, нема да ја споменам која, си пренесуваше пакети- јасно ни е дека истите
кондури што во било кој трговски ќе ги најдеме за 4000 денари - во Шутка се
1000, а башка ваму има повеќе избор на едно место. И од кога добро заривме во 'паркингот'
пред продавницата, на речиси пола пат од просветлувањето, спокојно излегов од
кола.
Тад ме спазише цигани...
'Тетке дај пет денари жити деца' - после ова 'тетке' и 'жити деца'прво влагање у
'Бет Комерц' се залепив за огледалото. И кај ќе најдете на друго место
иницијаторот додека ви бара број да мантра 'тебе моја мазо тебе ова срце ти
припаѓа...'(инаку песна на која луѓе трошат 45 денари плус данок на одземена
вредност за да ја нарачаат како желба во зурлитавата на нашиот Радован) при тоа
преместувајќи ги своите виткани џигерици зад рамена. Пантен веќе имаат измислено
специјален шампон 'перфект курлс' за совршени локни, но за следбениците на овој
стил треба да па(н)тентираат и 'перфект ливер курлс' кој длабински ќе го храни и
негува влакното на џигерот. А кој би бил на билборд за една таква реклама ако не
Пецко или фронтменот на некогашната култна група 'Алпина'.
Витгенштајн рекол дека за она што не може да се зборува - треба да се молчи. Затоа ако го немате видено, не барајте некој да ви го опише зошто Пецко не подлежи на дескрипција. Да ви речат да си замислите ултра сељак, гарант нема така добро да го исенчате во мислите како што си се осмислил самиот тој. Мада пред некое време на една странска модна ревија која нормално ја затекнав на една од нашите емисии за мода, прошета еден тип со онакви мазни шалвари на риги што светкаат какви што носеше Пецко на еден спот, блага јетра, карирани сако и кошула и онаква чалма на главата ко што врзува една наша без алиби водителка. Ама, пошто тоа е висока мода и неможе секој да ја 'разбере', треба да се цени и поштуе - гарантирам дека на ревијата после тој типот да се избацеше Гоце Арнаудов со неговото автомен сако и кептн Пикард хеланките, ем никој немаше да забележи дека не е у програма зашто совршено се уклапа таму,ем ќе собереше и повеќе обожаватели и онда го имаме редовно на фешн тв: Goce comes from FYROM; Astrological sign: leo.. (пропорциите познати на редакцијата) додека во позадина иде'I've seen that face before' на Grace Johns и змиксана со 'Ех, да беше стрела песнава'.
И одма станува главна ѕвезда на 'Меѓу
човекот и сонот'. Кога првпат го видов интригантниов наслов на емисијата, мислев
у студио се собрале трагачи по икс- нула фактори, па Монси ќе расправа за моќта
на Саи Баба и филозофијата на истокот а уз пут ќе се преоблече во жена и ќе ја
изимитира Благица Павловска, додека Гиш пали темјан- а тоа да ти била емисија за
мода.Ко сега у емисија со наслов 'Меѓу ѕвездите' спикерот да чита мастрафи за
селско месо (незнам зошто човекот не доби некоја златна или величествена награда
за издржливост при читање рецепти без ниеднаш да му потечат лиги и да подголтне.
Ја неможам ни тартар сос да кажам без да подголтнам) а во 'Храна и вино' што е
совршен наслов за совршена емисија од таков тип, типката да праи астролошки
портрети.
Ама тоа е. Тука сме си. Ги немаме волшебните чевлички на Дороти од ОЗ за
само со едно тропање да емигрираме каде сакаме, и да се мавнеме од овде. Ги
имаме оние од Шутка, кои срамежливо ѕиркаат под нашите панталони, како дрвени
мечкини шепи под старинските лизгави фустанчиња на фотељите.
А тие баш и немаат некоја моќ, освен онаа што самите ќе им ја дадеме.
MATEMATIKA U LJUBAVI
Pametan covek
+ pametna žena = romansaPametan covek
+ glupa žena = aferaGlup covek
+ pametna žena = brakGlup covek
+ glupa žena = trudnocaPOSLOVNA ARITMETIKA
Pametan šef
+ pametan radnik = profitPametan šef
+ glup radnik = proizvodnjaGlup šef
+ pametan radnik = unapredenjeGlup šef
+ glup radnik = prekovremeni radMATEMATIKA PRI KUPOVINI
Muškarac ce platiti 2 - umesto 1 - za stvar koja mu je potrebna.
Žena ce platiti 1 - umesto 2 - za stvar koja joj nije potrebna.
OPŠTE JEDNACINE
Žena brine o buducnosti dok ne pronade muža.
Muškarac nikada ne brine o buducnosti dok se ne oženi.
Uspešan muškarac je onaj koji zaradi više para nego što njegova žena može da potroši.
Uspešna žena je ona koja uspe da pronade takvog muškarca.
SRECA
Da bi bili srecni sa muškarcem, morate ga mnogo razumeti i malo voleti.
Da bi bili srecni sa ženom, morate je mnogo voleti i uopšte se ne truditi da je razumete.
DUGOVECNOST
Oženjen muškarac živi duže od neoženjenog, ali oženjen muškarac više želi da umre.
ŠANSE ZA IZMENOM
Žena se uda za muškarca ocekujuci da ce se promeniti, ali se to nikad ne desi.
Muškarac oženi ženu ocekujuci da se nece promeniti, a ona se promeni.
ŠEMA RAZGOVORA
Žena ima poslednju rec u bilo kojoj svadi.
Sve što muškarac kaže nakon toga predstavlja pocetak nove svade.
KAKO SPRECITI PITANJA: KADA CEŠ DA SE ŽENIŠ?
Starije tetke su dolazile do mene na vencanjima, gledale ispod oka i kokodakale, govoreci mi (Ti si sledeci¦. Prestale su kada sam poceo da im radim istu stvar na sahranama.