СОЛЕНИ КИФЛИ



  1. Погачици со сирење:

    Добро се меси 300 гр. Масно сирење со 200 гр. Сало и малку сол. Тоа се меси додека да стани пенасто. Се додава 300 гр брашно и сето тоа добро се меси и се остава на ладно 2 часа. Тестото се развлекува се дебелина колку малиот прст и со чаша се вадат погачици. Се премачкуваат со жолчка и се печат. По желба може да се попрскаат со ким.

  2. Соленки:

    1.5 пакетче квасец, 2 јајца, 2 филџани масло, 1 кг брашно, 1/2 л млеко, 1 лајче сол, 1 маргарин. Квасецот со 1 лајца шеќер, малку млако млеко и брашното се остава да скисне. Потоа се заедно се замесува на меко. Тестото се дели на 10 дела. Секој дел се сучи кора и се дели на 8 дела. Се филова со сирење. Соленките се редат во подмачкан плех а останатиот дел од маргарин се става на секое кифле одозгора.

  3. Пирошки

    2 квасци се зафаќаат посебно. 350 гр брашно, 150 гр млеко, 50 гр маргарин, 2 жолчки, 150 гр варени компири пасирани. Се заедно се меси со надојдениот квасец и пак се остава да скисне. Сол се става по вкус. Се прави кора дебела 1 цм се сечат во форма на квадрат, се стававнатре рендано сирење. Истите се оставаат да надојдат и се должат пред да се пржат.

  4. Гибаница

    1 кг кори, 5 – 6 јајца, 1/2 кг сирење, 1 шола млеко, 2 шоли кисела вода, 1 шола масло. Јајцата, млекото и маслото, се бијат. Корите се редат и се прска сирење, се сечат на парчиња ои се потурва со филот. Се остава 40 мин и потоа се печи 40 мин.

  5. Брза палачинка

  6. (3-4 јајца, 1 чаша кисела вода) – се бие. Се додава 6 лајци брашно и се печи во многу загреан плех со масло намачкан. Се печи 10 мин, се филува со мајонез и се ренда салама, сирење.

  7. Пекарски кифли

    1 квасец се зафаќа со 6 лајци брашно и 1 лајче шеќер и 1 чаша вода. Откако ќе надојди квасецот се зема 1 кг брашно, 1 филџанче масло, 1 лајче сол, квасецот надојден и малку пекарски квасец (пола лајче). Сето убаво се меси и ако тестото се лепи се става масло на раката. Се остава да надојди 10 мин. Тестото потоа се дели на 20 дела, од секој дел се прави топче, се развлекува во елипсовидна форма и се витка и остава да покисни, се мачка со јајце, се става крупна сол или сусам.

  8. Соленки

    1 маргарин, 1/2 кг брашно – се прави како ронки, малку сол, 1 жолчка, 200 гр сирење рендано 1/2 пакетче ким, 1/2 пакетче квасец растворен во 1 шола млеко. Сето се замесува и се остава да надојди. Потоа се вади со чаша и се печи.

  9. Кифли

Hosted by www.Geocities.ws

1