КИФЛИЧКИ БЛАГИ:
Кифлички со ореви
Потребно е 250 гр маргарин, 500 гр брашно, 20 гр квасец, 2 лајци шеќер, 3 жолчки и малку стругана кора од лимон.
Се замесува тесто и се развлекува кора од 1 цм дебелина. Тестото се сечи на квадрати и се прават кифлички, а во секое кифличе по едно оревче. Кога ќе се испечат се препелкаат во шеќер во прав.
Кифлички со ореви и суво горозје
Потребно е: 2 јајца, 300 гр сало, 1 шоља млеко, 4 лајци шеќер, 1 квасец, 200 гр ореви мелени, 200 гр суво грозје, 750 гр брашно, кора од лимон, 1 ванила .
Квасецот се раствара во 6 лајци млеко и 4 лајци шеќер. Се остава да надојди 20 мин. Потоа се зема салото се бие малку, му се додаваат јајцата, квасецот, брашното и се замесува тестото. Се дели на седум дела и се остава да седи пола сат, а за тоа време се вари филот. Млекото се става ви лонец, му се додава шеќер и се зоврива се ставаат оревите и сувото грозје повторно се зоврива и се остава да се олади, па потоа се додава кора од лимон и ванила. Секој дел од тестото се шири во кора и потоа се сечи, се втикаат кифличките со филот и се оставаат да печат на 200 степени и на крајот се прпелкаат во шеќер во прав.
Берлински крофни
Потребно е: 500 гр брашно, 250 гр млеко, квасец, 2 жолчки, 50 гр маргарин, 2 лајци шеќер, кора од лимон.
Се меси тестото се остава да кисни 30 минути, потоа се сучи кора, се прават крукчина и се оставаат да киснат 30 мин и потоа се пржат во врело масло.
Крофни
Потребно е: 800 гр брашно, 1 филџан масло, 1 филџан шеќер, 4 или 5 финџали млака вода.
Сето се меси и се остава да кисни. Се сучи кора од тестото и со чаша се прават крофни и потоа се пржат во масло и се прпелкаат во шеќер во прав.
Крофни со сало
Потребно е: 1 квасец, 2 јајца, малку сол, ½ л млеко, 1 кг брашно, 8 лајци сало.
Се прави исто како претходните крофни.
Ванилици – грчки полу месец
Потребно е: (1 маргарин, 1 финџал масло) – се дропчка со 4 лајци шеќер и 4 лајци вода. 500 – 600 гр. Брашно, 1 пециво, 1 рака сецкани ореви.
Сето се меша убаво се прават топчиња и се прават долгунести како полумесечинки и се подвиткуваат крајчињата. (околу 40 парчиња) се редат во плех, се печат малку да заруменат и топли се преливаат со шеќер во прав.
Кифлички со мармалад
2 квасци, 1 кг. Брашно, 1/2 л. Млеко, 2 филџани масло, 2 јајца, 2 лајци шеќер и малку сол.
Се меси тестото, убаво се дели на два дела. Секој дел се дели на 10 топчиња, а од секое топче се сучи кора. Кората се мачка со сало и се редат едно над друго. Се сучат во голема кора која се сечи на 16 парчиња. На секое парче се става мармалад и се витка како кифла. Откако ќе се испечат се преливаат со шеќер во прав.