1. Општи одредби |
| |
1.1. Организатор на меѓународната велосипедска трка "Низ Македонија 2002" е Организационен Одбор, а Трката ја раководи Дирекција на Трката.1.2. Трката "Низ Македонија 2002" ќе се одржи од 01 до 08 Септември 2002 година, во осум етапи.
1.3. Трката "Низ Македонија 2002" е организирана според правилникот на УЦИ, техничкиот правилник на ВСМ и овие пропозиции.
1.4. Сите велосипедисти и официјални лица се должни да ги знаат и да ги почитуваат овие пропозиции. Секое кршење на овие пропозиции од страна на натпреварувачите, официјалните лица или други помошници, ќе биде санкционирано со временски казни, парични казни или дисквалификација на гореспоменатите, во согласност со табелата на казни од правилникот на УЦИ.
1.5. Организаторот ќе ги користи Македонскиот и Англискиот јазик како официјални јазици на Трката.
|
2. Дирекција на Трката |
| |
2.1. Со трката раководи Директор на Трката и неговата должност е да обезбеди нормално одвивање на трката и да ја обезбеди нејзината регуларност.
2.2. Директорот на Трката има на располагање одредени помошници, квалификувани спортски работници, кои ги извршуваат поставените задачи од Директорот на Трката:
- Генерален Секретар
- Спортски Директор
- Сектор финансии
- Сектор маркетинг
- Сектор протокол
- Сектор сообраќај
- Сектор сместување и исхрана
- Сектор за Старт и Цел
- Сектор медицинска помош
- Сектор обезбедување
- Стручни служби: превод, обработка на податоци, фото-финиш, техничка служба итн.
|
3. Учесници |
| |
3.1. На оваа меѓународна велосипедска трка право на учество имаат поканети екипи чии велосипедисти имаат лиценци за 2002 година.
3.2. Екипите треба да бидат во следниот состав: пет или три велосипедисти и две официјални лица.
3.3. Екипите можат да бидат составени од велосипедисти од следните категории:
- Елита - мажи
- Под23 - мажи
3.4. Пријави за учество на трката се доставуваат до Организационен Одбор. Адреса: П. Фах 78, 1300 Куманово; факс: 031 414 372.
|
4. Одбор на Комесари |
| |
4.1. Водењето на трката е во рацете на комесарите. Одборот на Комесари е составен од Главен Комесар, три Комесари, хронометрист и редоследист.
4.2. Комесарите треба да имаат познавање на странски јазик и барем еднаш да имаат судено етапна трка.
4.3. Комесарите ќе ја водат трката на најдобар можен начин. Тие имаат право да дисквалификуваат било кој велосипедист, менаџер или официјално лице, кои се однесуваат спротивно на овие пропозиции и правилата на УЦИ или кои се однесуваат недолично кон велосипедизмот воопшто.
|
5. Жири |
| |
5.1. Жирито на трката е составено од: Директор на Трката, Генерален Секретар и Главен Комесар.
|
6. Патека |
| |
6.1. Патеката ќе биде обележана со ознаки на патот на следниот начин: СТАРТ, 50 km од старт, 25, 20, 10, 5, 4, 3, и 2 km до цел. Исто така ќе бидат обележани: 500, 200, 150, 100 и 50 m до целта.
6.2. Последниот километар ќе биде обележан со транспарент, на кој има црвена стрелка свртена надолу, со ознака 1km
|
7. Старт |
| |
7.1. Ниеден велосипедист, менаџер или официјално лице не може да стартува на трката, без при тоа да ја покаже лиценцата за 2002 година на Одборот на Комесари пред почетокот на трката "Низ Македонија".
7.2. Формуларот за потпис мора да го потпише секој велосипедист пред стартот на секоја етапа. Контролата на потпис ќе биде затворена 15 минути пред стартот. Одборот на Комесари може да ги казни велосипедистите кои задоцниле на контролата за потпис.
|
8. Обврски на велосипедистите |
| |
8.1. Сите велосипедисти задолжително треба да носат заштитна кацига за време на трката. Ниеден велосипедист нема да може да стартува без кацига. Секој велосипедист кој ќе ја отстрани кацигата за време на трката, ќе биде дисквалификуван.
8.2. Велосипедистите мораат правилно да ги постават броевите за тело и бројот за велосипед, без притоа да ги модифицираат или оштетат на било кој начин.
8.3. Велосипедистите мораат да ги носат само дресовите на своите екипи, во согласност со правилата на УЦИ. Исто така велосипедистите се должни да ги носат следните дресови доделени од организаторот:
- Жолт дрес - водечкиот во генерален пласман
- Зелен дрес - водечкиот во генерален пласман на минувачки цели
- Син дрес - водечкиот во генерален пласман на ридски цели
- Црвен дрес - капитенот на водечката екипа во екипен генерален пласман
8.4. Иако трката "Низ Македонија 2002" е од затворен карактер, велосипедистите треба да ги почитуваат сообраќајните правила кои важат во Република Македонија. Треба да се придржуваат на сообраќајните знаци на трката и да ги следат инструкциите за движење само на официјалните лица на трката и на полицијата.
|
9. Возила за придружба |
| |
9.1. На секоја екипа и е дозволено да учествува во караванот само со едно возило - лека кола или мало комбе.
9.2. Екипи кои не поседуваат свое возило, возило ќе им биде доделено од организаторот.
9.3. На екипа од Македонија организаторот не доделува возило.
|
10. Цел |
| |
10.1. Пласманот на велосипедистите ќе биде одреден по редоследот на поминување на целната линија.
10.2. Сите велосипедисти кои целта ја поминуваат во иста група треба да добијат исто време. Хронометристите треба да ги регистрираат времињата на сите велосипедисти кои ја поминале целната линија.
10.3. Велосипедистите кои имаат задоцнување повеќе од 10%, ќе бидат дисквалификувани од понатамошното натпреварување.
10.4. Сите времиња треба да бидат забележани до најблиската секунда.
10.5. Ниедно возило, освен возилата на Комесарите и возилото на Директорот на Трката, не смее да ја помине целната линија.
|
11. Пласмани |
| |
11.1. Постојат шест пласмани и тоа:
- Индивидуален пласман по етапа
- Екипен пласман по етапа
- Генерален индивидуален пласман
- Генерален екипен пласман
- Генерален пласман на минувачки цели
- Генерален пласман на ридски цели
11.2. Првите тројца во индивидуален пласман добиваат временски бонус и тоа:
Прво место - 5"
Второ место - 3"
Трето место - 2"
11.3. Екипниот пласман се утврдува со собирање на три најдобри времиња на велосипедисти кои припаѓаат на иста екипа.
11.4. На секоја минувачка цел првите тројца добиваат бодови:
Прво место - 5 бода
Второ место - 3 бода
Трето место - 1 бод
Најдобар е оној кој има освоено највеќе бодови. Ако повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, пласманот ќе се одреди по бројот на освоени први места на минувачки цели.
11.5. На секоја ридска цел првите пет добиваат бодови:
- Ридски цели од прва категорија:
Прво место - 10 бода
Второ место - 8 бода
Трето место - 6 бода
Четврто место - 4 бода
Петто место - 2 бода
- Ридски цели од втора категорија:
Прво место - 5 бода
Второ место - 4 бода
Трето место - 3 бода
Четврто место - 2 бода
Петто место - 1 бод
Најдобар е оној кој има освоено највеќе бодови. Ако повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, пласманот ќе се одреди по бројот на освоени први места на ридски цели.
|
12. Резултати |
| |
12.1. Резултатите можат да се подигнат откако ќе потпишани од Главниот Комесар и од редоследистот. Лидерите на екипите ќе добијат копија од резултатите во нивните соби по 18:00 часот.
12.2. Доколку некој не е задоволен од резултатите, има право на жалба. Жалбата ја поднесува водачот на екипата најдоцна еден час пред стартот на следната етапа, а во последната етапа најдоцна еден час по добивање на резултатите. Жалбата се поднесува до Одборот на Комесари, кој треба веднаш да донесе одлука. Одлуката на Одборот на комесари е конечна без право на приговор.
12.3. Жалбата се поднесува со депозит од 200 Швајцарски Франци. Доколку Одборот на Комесари одлучи позитивно по жалбата, депозитот се враќа, во спротивно се уплаќа во касата на УЦИ.
|
13. Протокол |
| |
13.1. Победникот на етапа, водечкиот во генерален индивидуален пласман, водечкиот во генерален пласман на минувачки цели, водечкиот во генерален пласман на ридски цели и капитенот на водечката екипа во генерален пласман задолжително треба да учествуваат на церемонијата на прогласување.
13.2. Победникот на етапа и водечкиот во генерален индивидуален пласман, задолжително треба да учествуваат на прес конференција која ќе се одржи после церемонијата на прогласување
|
14. Трошоци |
| |
14.1. Трошоците за сместување и исхрана се обезбедени од организаторот од 30.08.2002 година до 09.09.2002 година.
14.2. Организаторот обезбедува гориво за едно возило за секоја екипа
|
15. Награди |
| |
15.1. Наградниот фонд изнесува 25.000 Евра
15.2. Награди ќе добијат:
- Првите 25 во индивидуален пласман по етапи
- Првите 25 во генерален индивидуален пласман
- Првите 3 во генерален пласман на минувачки цели
- Првите 3 во генерален пласман на ридски цели
|