Obrazovanie

СЕТУ’’Михајло Пупин‘‘- Скопје


Ова е училиштето во кое што се образувам и стекнувам со знаења за технологијата и компјутерите. Училиштето ви нуди видни образовни профили со тригодишно или четиригодишно образование кои денеска се многу барани низ целиот свет и кои ќе ви помогнат за вработување. Исто така ви нуди одлични услови за школување со најсовремени кабинети и лабаратории по автоматика и роботика. Но пред се училиштето ви нуди одличен кадар кој секогаш има јасна визија и цел за во иднина.Комуникацијата помеѓу учениците и професорите е на завидно ниво, а разните признаниа и сертификати од светски познати компании и организации уште еднаш ја потврдува успешноста на ова современо училиште и соработката на учениците и професорите.
Во продолжение може да ги погледнете сите образовни профили од тригодишно и четиригодишно образование.

Тригодишни образовни профили

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР

Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехниката и енергетиката, над 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и надгледни средства. Во програмата се опфатени: Сервисирање на електрични апарати и бела техника трансформатори, електромотори, електрични шпорети, фрижидери, електрични печки, греалки, кујнски електрични апарати. Можности за вработување: Механичар за поправка на електрични апарати, во сопствен бизнис или во фирми од таа дејност.

ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР И МОНТЕР

Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехника и енргетика, над 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и надгледни средства.Во програмата се опфатени:Изведба на електрични инсталации и осветление на производствени,административни,спортски,стамбени и други објекти.Монтажа на електронски уреди и постројки.Можност за вработување:изведувач на електрични инсталации и монтер на електрични постројки,во сопствен бизнис или во фирми од таа дејнос(електродистрибуција,производни фирми,градежни фирми...)

Четиригодишни образовни профили

КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА

Четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника. Наставна програма и услови: Струката е со четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника, околу 400 часа практична настава и над 500 часа работа со компјутери во 5 компјутерски училници со пристап на интернет. Во програмата се опфатени:

- Користење на оперативни системи, апликативни програми за работа со текст, табели, пресметки, бази на податоци, електронски шеми и плочки, веб страни, електронска пошта, интернет, изработка на програми во актуелните јазици за објектно програмирање.
- Одржување на компјуерски системи – откривање на хардверски дефекти, инсталација и одржување на оперативен систем.
- Процесно управување – изработка на електронски склопови од автоматиката, употреба на микропроцесори, микроконтролери и компјутери во водењето на автоматизирани процеси во индустријата, одржување на елементите во системите за автоматско управување.
Можности за вработување: Изработка на програми за разни намени, изработка на веб страна, техничка обработка и подготовка на материјали за печат во издавачките куќи, сервисирање и одржување на компјутерски системи, изработка и одржување на уреди од автоматските системи во индустријата.

ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Четиригодишно образование со 18 стручни предмети од електротехника, компјутерска техника, електроника и телекомуникации. Наставна програма и услови: Струката е со четиригодишно образование, има 18 стручни предмети од електротехника, компјутерска техника, електроника и телекомуникациите, над 400 часа практична настава во опоремени кабинети со компјутери, осцилоскопи и многу други електронски инструменти. Во програмата се опфатени:

- Изработка и испитување на електронски склопови и уреди, плочки со печатени кола, засилувачи , миксети, звучници, радиопредаватели, дигитални склопови, склопови со програмабилни компоненти (микропроцесори, микроконтролери,…) Сервисирање на електронски уреди – ТВ приемници, радиоприемници, радиопредаватели, ЦД плеери, касетофони, звучници, … Монтажа, ракување и контрола на електронски уреди. Ракување со аудио и видео миксета, правење тонски и видеоснимки, преснимување и пренос на радио и ТВ програма, монтажа и контрола на аудио и видео предаватели и телефонски системи.
Можности за вработување: Техничар за производство и тестирање на електронски склопови, сервисер на електронски уреди во аудио-видео сервиси, одржувач на електронските уреди во индустријата, техничар во РТВ станици (тон-мајстор, снимател, монтажер …), техничар во телефонските компании.

ЕНЕРГЕТИЧАР

Четиригодишно образование со 21 стручен предмет од областа на електротехника и енергетика. Наставна програма и услови: Струката е со четиригодишно образование, има 21 стручен предмет од електротехника и енергетика, над 240 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и надгледни средства. Во програмата се опфатени:
- Изведба и одржување на хидро и термоелектрични централи, среднонапонски и високонапонски разводни постројки и кабелски мрежи за распределба и пренос на електричната енергија.
- Ракување, управување и регулација на електрични машини.
- Контрола и мерење на електрична енергија, отпор на заземјување на громобрански инсталации, како и на други електрични и неелектрични величини.
Можности за вработување: Сопствен бизнис во инсталација и одржување на електрични инсталации и апарати, техничар за производство и дистрибуција на електрична енергија (електростопанство), техничар за проектирање и изведба на електрични инсталации и апарати, техничар за производство на електрични апарати.

Home