..Добредојдовте
на официјалната страна на градот Гевгелија. Како што
можете да приметите се работи за сосема нов дизајн
на досегашната веб страна на Cyber Gevgelija која
се наоѓаше на серверите на Instant Portal, кој нажалост
не функционира веке подолго време па тоа воглавном
е главната причина зошто Cyber Gevgelija немаше редовен
update на содржините и изгледот. Затоа Cyber Gevgelija
ја преместуваме на серверите на Geocities.com кои
нудат многу повеке простор од Instant Portal и многу
повеке опции за еден бесплатен сајт како што е Cyber
Gevgelija. Намерите да се дојде до општионскиот домеин
(gevgelija.gov.mk) за да Cyber Gevgelija се премести
таму, моментално тапкаат во место и покрај понудите
да за веќе готовиот сајт и неговото одржување да не
се наплати надокнада, се што е до општината е да го
одржува веб просторот на gevgelija.gov.mk активен.
Но можеби во блиска иднина тоа и ке се овозможи.
..Cyber Gevgelija има
и англиска верзија, но доколку најдете некоја граматичка
или пишана грешка во некој од текстовите, ве замолуваме
тоа да ни го посочите или пак доколку знаете како
треба точно да биде напишано, напишете го и пратете
го на нашиот email: [email protected]
..Инаку градот Гевгелија
е распослан на површина од 317 км2 и се наоѓа на надморска
височина од 64 метри, која денес ја сочинуваат 11
населби, од кои девет се постојано населени: Негорци,
Серменин, Богородица, Мрзенци, Прдејци, Ново Конско,
Кованец, Моин, Хума.
..Во Гевгелија живеат
околу 20.000 жители, воглавном Македонци, каде просечната
густина на населеност изнесува 25 жители на 1 км2.
Гевгелија е најјужниот и најтоплиот град во Република
Македонија со околу 240 сончеви денови во годината.
..Старите хроники бележат
дека Гевгелија како град почнала да се развива уште
од средината на XIX век, кога населението од овие
краеви ја почуствувало потребата да создава современа
населба која ќе им пркоси на минувачите-трговци и
ќе биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток
со многубројни анови. Вистински градски лик Гевгелија
го добива во 1886 година, кога во административно-управен
поглед станала средиште на посебна каза-Гевгелиска.
Денес Гевгелија ја води локална власт кој започна
да функционира од 1996 година.
Некогаш Гевгелија била град на незаборавните
серенади, но денес Гевгелија е позната како град на
гостопримство и топлина. Прошетајте низ страницата
и запознајте ја Гевгелија во вистинското светло. Уживајте!!!